Вест

Diamond Cup Skopje 2019

Во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, под раководство на Претседателот Бобан Ѓороски, 12-14 Октомври 2019 година во арената ‘Борис Трајковски’ се одржа вториот по ред престижниот Европски куп во бодибилдинг и фитнес, ‘IFBB Diamond Cup Skopje.На натпреварот учество земаа 160 натпреварувачи од 25 држави од Европа и Светот. Македонија на овој Европски куп настапи со тим од 10 натпреварувачи и двајца меѓународни судии, Бобан Ѓороски и Милан Глигороски. Во силна конкуренција македонските натпреварувачи забележаа одлични резултати, освојувајки 3 златни медаљи, Божидар Пецаковски кај Јуниорите во категорија Бодибилдинг, Даница Кристенсен кај Ветераните во каегорија Боди-Фитнес и Васко Мамучевски кај Сениорите во категорија Бодибилдинг до 90 кг. Од останатите македонски учесници забележителни настапи имаа, Фестим Селмани кој веше второ место во категоријата Бодибилдинг кај Јуниорите и шесто место кај Сениорите, Далибор Митревски и Костадин СИмов беа 5-то и 6-то пласирани кај сениорите во категоријата Мускулар мен физик, Симона Стојановска го повтори успехот о ми натата година завршувајки на третото место во категоријата Бикини-Фитнес до 169 сантиметри кај Сениоркитеи Ибрахим Врановци кој го освои 8-то место во категоријата Бодибилдинг над 100 кг кај Сениорите. Натпреварот го судеа вкупно 7 меѓународни судии.Од страна на делегатие на Светската бодибилдинг федерација, IFBB ,присутни беа Хосе Рамос и Винсенте Редондо од Шпанија, Хосе Монтиеро од Португалија, Овидиу Мездреа од Романија, Андре Воутерс од Белгија и Тарик Кхалил од Јордан, натпреварот организациски како и по квалитете беше оценет со највисоки оцени, што ни дава за право да се надеваме дека истите оцени ќе ги добиеме и на Светскиот конгрес на IFBB кој ќе се одржи во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати, а со тоа и можност овој натпревар да стане традиционален во иднина.Се гледаме следната година, на третото издание на Дијамнтскиот Куп во Скопје.

Во склоп на Дијамантскиот куп се одржа и еден од трите квалификациони натпревари за учество на Светското Првенство за Професионалци- Ветерани, каде Македонија настапи со двајца свои натпреварувачи од кои Марија Божиновска се закити со златото, освојувајки го првото место во категоријата Боди-Фитнес, додека другиот наш преставник, Мирко Петровски го oсвои четвртото место во категоријата Бодибилдинг.