Вест

Голем успех на Светско јуниорско првенство 2019

Успешен настап и освоено 4-то место на нашиот јуниорски шампион, Божидар Пецаковски на Светското јуниорско првенство за 2019 година кое се одржа во Будимпешта, Унгарија. Македонскиот шампион и победникот на Дијамантскиот куп Скопје на светското јуниорско првенство замина во придружба со Претседателот Бобан Ѓороски, кој тамо покрај улогата на делгат, беше и во меѓународниот судиски панел. Божидар, кој веќе од наредната година ќе заплови во сениорските категории, својата јуниорска кариера за малку не јакруниса со медал на едно светско првенство. Да му посакаме успех и кај сениорите.