Вест

Успешен старт на наставата во 2025 година

Академијата на ББФФМ успешно ја стартуваше својата наставна програма за оваа година. Националната федерација секоја година организира едукативни курсеви за Инструктори и Тренери. Оваа прва група во 2025 година е 34-та Генерација на кандидати од Академијата. Од оваа година федерацијата ќе започне и со уште две нови образовни програми. Сите програми кои ги спроведува Академијата на ББФФМ се усогласени и одобрени од страна на Академијата на меѓународната бодибилдинг и фитнес федерација, IFBB. Следната група со настава ќе започне на 1-ви Март 2025.


Проф. Јован Јовановски во друштво на кандидатите од 34-тата Генерација.