Меѓународниот натпревар ХЕРКУЛЕС Гранд При, кој е на календарот на меѓународната бодибилдинг и фитнес федерација, IFBB, оваа година ќе се одржи на 9 и 10 Мај во Скопје. Традиционално на меѓународните натпревари кои националната федерација го организира во Македонија учествуваат од 20 до 25 држави од Европа и Светот со околу 100-150 учесници. Овој натпревар преставува можност за освојување на IFBB Pro карта, како и можност за освојување на бодови со цел подобар пласман на Светската ранг листа. Првите пет од светската ранг листа на крајот од годината, во сите категории добиваат парични награди од страна на IFBB. За повеќе инромации во текот на наредните денови.
IFBB Herkules Grand Prix 2025
