Вест

ББФФМ Академија

Бодибилдинг и фитнес федерација на Македонија, куќа на македонскиот бодибилдинг и фитнес. Единствена национална организација призната од страна на државата и спортските институции и организации во неа. Членка, една од 197 од целиот свет национални федерации, на Европската и Светската бодибилдинг и фитнес федерација, единсвени легални и валидни меѓународни федерации, признати од страна на сите спортски асоциации. ББФФМ Академијата која се спроведува во рамките на националната федерација е единствена валидна институција за издавање на Сертификат за Бодибилдинг и Фитнес Инструктори на територијата на МК. Постои со директна помош на АМС и ФФК, раководена од страна на најкомпетентните стручни лица во државата во овие области. Бидете дел од една призната институција, од која повеќе од 32 години учеле и учат сите.