Вест

Како до валиден, Сертификат за Бодибилдинг и Фитнес Инструктор?

Во Република Македонија постојат закони, па и Закон за Спорт, во кој, во член 10 во четвртиот пасус стои вака:
“Спортска школа може да работи ако се исполнети следниве услови:
– програмата за реализација на спортската школа да е одобрена и прифатена од Државната спортска федерација;
– да се обезбедени просторни услови за нејзина реализација;
– да се обезбедени основна опрема и реквизити, кои ги пропишува Државната спортска федерација и
– програмата ќе ја реализираат стручни лица утврдени во членот 27 од овој закон.”

Членот 27 вика вака:
“Стручни кадри во смисла на овој закон, се лица кои имаат завршено најмалку више образование во областа на спортот, или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација.
Спортски тренинг и натпревари на репрезентациите на државните спортски федерации, можат да водат само стручни лица кои ги исполнуваат условите утврдени во ставот 1 на овој член.”

Државна (национална) спортска федерација, призната во РМ со Решение за работа издадено од Агенцијата за Спорт на Македонија е Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, (ББФФМ).
Соодветна меѓународна федерација призната од страна на Агенцијата за Спорт на Македонија е IFBB. 
Мислам дека нема потреба од повеќе објаснување дека се друго кое се издава во Македонија како , сертификат, диплома преставува невалиден документ.

ББФФМ Академија при ББФФМ во 2019 започнува со Курсот и првата генерација Бодибилдинг и Фитнес Инструктори. Курсот се одржува во простории на Факултетот за Физичко образование, Спорт и Здравје (ФФК) во Скопје (теоретска настава) и во овластени теретани (практична настава). Наставата ја држат стручни лица од областа (редовни Професори, Доктори и Дипломирани/Лиценцирани тренери). Наставата трае 6 недели по што следува тестирање на кандидатите. Оние кои ќе го положат тестот се стекнуваат со Сертификат, Бодибилдинг и Фитнес Инструктор. 
Сите заинтересирани да испратат лични податоци на следната е-маил адреса: gjoroski@yahoo.com.
Конкурсот трае до 21 Јануари, со настава по план е да се стартува на 26 Јануари 2019.