Од 8 до 12 Номври во Бенидорм, Шпанија ќе се одржи Светското Бодибилдинг првенство за 2018 година. Боите на Македонија ќе ги брани Александар Трајковски кој зад себе во краток временски период успеа да прокнижи две Балкански титули на своето конто. На IFBB Diamond Cup Macedonia 2018, што се одржа на 14-ти Октомври во Скопје, во силна конкуренција го освои второто место во својата категорија. Во рамките на Светското првенство е и годишниот Конгрес на Светската Бодибилдинг и Фитнес Федерација, IFBB, каде Делегат ќе биде Претседателот на ББФФМ, Г-динот Бобан Ѓороски. Воедно, Конкресот е од изборен карактер, а се очекуваат и оцени за меѓународните натпревари кои се одржуваа преку цела година. Нас најмногу ќе ни значи оцената и критиката за првиот дијамантски куп натпревар, на кој учество земаа 24 држави и 160 натпреварувачи. Целта на ББФФМ и нејзиниот Претседател е овој настан да стане традиционален, а критиките кои ќе ги добиеме играат голема улога во тоа.
Настан
