Одлично 8-мо место на својот прв меѓународен настап, за Олгица Стојановска, на Светското фитнес првенство кое се одржа во Биалисток, Полска од 26-29 Октомври. Во силна конкуренција, со совјот одличен настап Олгица успеа да забележи одличен резултат и пласман од 8-мо место. Сигурно сме дека веќе наредната сезона, на Балканското и Европското, Олгица ќе атакува за финале, а и за освојување и на медал.