Вест Настани Натпревари

ХЕРКУЛЕС ГРАНД ПРИ 2025

Успешно организиран уште еден меѓународен натпревар под организациска палка на националната федерација, предводена од Претседателот Бобан Ѓороски. Од 2022 година во Македонија се одржуваат годишно по два меѓународни натпревари, Херкулес Гранд При кој е во пролетниот дел од годината и Дијамантскиот Куп Скопје, кој е во есенскиот дел од годината. Политиката која федеацијата ја има, под раководство на претседателот дава резултати. Имено, идејата да ги донесеме светските и европските шампиони на домашна почва и да застанеме рамо до рамо со нив, каде би го увиделе нашиот вистински потенцијал, од 2018 година дава се поголмеи и поголеми резутати. Ако до тогаш, највисокиот дострел ни бил, настап на Балканско, со исклучок на успестите постигнати на двоецот Ѓороски-Колевски и освојување на Европска и  Акрнолд Класик титули во 2011 и 2015 година, од 2018 можеме да кажеме дека бодибилдингот и фитнесот веќе спаѓаат во најуспешните и најтрофејните индивидуални спортови во Македонија. Целта ги оправдува средствата, а националните натпреварувачи од тогаш па се до денес дома носат Балкански, Европски и Светски титули и признанија. Плус, овие настани се на годишниот календар на меѓународната федерација, што воедно преставува промоција на државата и националната федерација.

Натпреварот оваа година се одржа во трговскиот центар Дајмонд Мол во центарот на градот Скопје, со што се направи вистинска промоција на спортот помеѓу жителите на градот Скопје. Конкуренцијата во категориите беше силна, а во Скопје пристигнаа и неколку тазе Европски шампиони, директно од сцената на Европското во Санта Сузана кое се одржа една недела предходно во Шпанија. Идејата на промоторот е овој настан од следната година да се организира во Охрид, кој е наш најголем туристички центар. Но, за тоа, подоцна.

Македонските натпреварувачи на овој натпревар успејаа да постигнат одличен резултат, па така, Дарко, Катерина и Слободан се закитија со златни медали во нивните категории.