Македонската бодибилдинг и фитнес репрезентација, предводена од Претседателот на федерацијата, Бобан Ѓороски, во состав: Катерина Попева, Дарко Бојовски, Миле Миленковски, Алекс Спасевски, Стефан Цветковски, Слободан Стевановиќ и Стефан Влајковски, од 25-27 Април учествуваше на Балканското првенство за 2025 година кое се одржа во Никшиќ, Црна Гора. Репрезентацијата имаше повеќе од успешен настап. Имено, освен дебитантот, Алекс Спасевски кој се закити со сребрен медал, сите дома се вратија со златни медали. Некои од нив и со по две, како јуниорот Дарко и ветеранот Миле кои се зактија и со апсолутни титули на првенството. Селекторот Тоше Живков-Тоти направи повеќе од одличен избор.