На 12-ти Април 2025 година во малата сала во СЦ ‘Борис Трајковски’ во Скопје успешно се одржа традиционалниот првенствен куп натпревар, ‘Куп на Македонија’ во бодибилдинг и фитнес. Натпреварот во организација на националната федерација преставува квалификационен натпревар на кој се избира национален тим кој Македонија ќе ја преставува на Балканското и Европското првенство, како и на меѓународниот натшревар ‘Херкулес Гранд При’ кој традиционално се одржува кај нас од 2022 година.
На куп натпреварот победници беа:
- Јован Тодоровски- Бодибилдинг тинс од 16-19 години
- Ѓорге Џемов-Физик тинс од 16-19 години
- Дарко Бојовски- Бодибилдинг јуниори 19-23 години
- Александар Јорданов- Класик Бодибилдинг Јуниор
- Теодор Гокчевски- Физик јуниори
- Дарко Бојовски- Бодибилдинг сениори лесна
- Стефан Влајковски- Бодибилдинг сениори тешка
- Стефан Цветсковски- Физик Сениори
- Слободан Стевановиќ- Мускулар Физик сениори
- Алекс Спасевски- Класик Бодибилдинг Сениори
- Стефан Влајковски- Класик Физик Сениори
- Миле Миленковски- Бодибилдинг Ветерани
- Мери Акиевска- Велнес Сениори
- Катерина Попева, Боди-Фитнес Сениори