Вест Настани Натпревари

Успешно одржан Куп на Македонија 2025

На 12-ти Април 2025 година во малата сала во СЦ ‘Борис Трајковски’ во Скопје успешно се одржа традиционалниот првенствен куп натпревар, ‘Куп на Македонија’ во бодибилдинг и фитнес. Натпреварот во организација на националната федерација преставува квалификационен натпревар на кој се избира национален тим кој Македонија ќе ја преставува на Балканското и Европското првенство, како и на меѓународниот натшревар ‘Херкулес Гранд При’ кој традиционално се одржува кај нас од 2022 година.

На куп натпреварот победници беа:

  • Јован Тодоровски- Бодибилдинг тинс од 16-19 години
  • Ѓорге Џемов-Физик тинс од 16-19 години
  • Дарко Бојовски- Бодибилдинг јуниори 19-23 години
  • Александар Јорданов- Класик Бодибилдинг Јуниор
  • Теодор Гокчевски- Физик јуниори
  • Дарко Бојовски- Бодибилдинг сениори лесна
  • Стефан Влајковски- Бодибилдинг сениори тешка
  • Стефан Цветсковски- Физик Сениори
  • Слободан Стевановиќ- Мускулар Физик сениори
  • Алекс Спасевски- Класик Бодибилдинг Сениори
  • Стефан Влајковски- Класик Физик Сениори
  • Миле Миленковски- Бодибилдинг Ветерани
  • Мери Акиевска- Велнес Сениори
  • Катерина Попева, Боди-Фитнес Сениори