Мери Акиевска победничка во категоријата најдобра спортискта во индивидуалните спортови за 2021, на изборот организиран од Македонскиот Олимписки Комитет, ‘Златна Олимпија’.
‘Извојувана уште една победа, добиено уште едно признание. Горд сум што успеавме бодибилдингот и фитнесот како спортски гранки да го вметнеме во рамките на институциите. Успесите да ни бидат вреднувани подеднакво како и успесите во останатите спортови. Вчера вечерта за првпат, во организација на Македонскиот Олимписки Комитет, беше одржан првиот избор за најуспешните жени во спортото во Македонија во годинава која изминува, ‘Златна Олимпија’. Настанот е со тенденција да стане традиционален. Мери Акиевска победи во категоријата, ‘Најдобар спортис во индивидуалните спортови’. Уште еден голем успех, од општо значење за нашето бодибилдинг и фитнес семејство! Останува уште еден голем настан до крајот на годината, каде исто така очекувам максимална почит од останатите спортски федерации и нова победа’, изјави Претседателот на ББФФМ и тренер на Мери Акиевска, Бобан Ѓороски.