Од 3 до 8 Ноември во Санта Сузана, Шпанија се одржува 75-тото Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори. Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на Магнус Фитнес клубот од Скопје, предводени од Претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер. На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајки во својата категорија до 163 цм висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајки ги шампионите од другите висински категории. Другиот наш преставник Петар Богдановски кој настапи во категоријата бодибилдинг јуниори над 75 кг не успеа да се пласира во финалето.