Вест

Семинар 2021

Можноста да се напредува во професијата, со надграба на знаењето, не смее да се пропушти. За таа цел, Академијата на ББФФМ секоја година организира стручен семинар на кој предавачи се едни од најдобрите професионалци од областа во светот. Врз основа на активноста на регистрираните Инструктори, Националната федерација секоја година прави ажурирање на списокот на активни Инструктори кои се нејзини членови. Сите оние кои не земаат активно учество во доедукација, за федерацијата се сметаат како не активни инструктори и тие нема да бидат во регистарот на федерацијата кој е јавно објавен на сајтот на федерацијата како и доставен до Агенцијата за Спорт.Затоа искористете ја можноста да напредувате во својата професија и бидете дел од регистарот на активни Инструктори. Предавач на Семинарот оваа година е Деивидас Дубинас од Литванија, член на канцеларијата на Претседателот на IFBB, член и предавач на Академијата на IFBB, меѓународен судија и наградуван спортиста кој во полето на персоналните тренинзи има 15 годишно искуство. Тренер на неколку докажани натпреварувачи од светска класа. На крајот од Семинарот секој учесник добива Диплома за учество на Семинарот издадена од страна на Меѓународната бодибилдинг и фитнес федерација,IFBB, со седиште во Мадрид, Шпанија, како и Лиценца од ББФФМ со важност од една година. Пријавите и уплатите е потребно да стигнат најдоцна до 11-ти Октомври, како би можеле да се подготвиме најдобро и навремено би испечатиле Дипломи и Лиценци со име на учесниците. Поради Ковид протоколите бројот на учесници е ограничен, Затоа е потребно навремено пријавување, доколку е потребно да се излезе во пресрет и направи уште една група.

Вашите пријави испратете ги на следнава е-маил адреса: gjoroski@yahoo.com