Почетно ниво

Курсот трае 6 недели. Предавањата се секоја сабота од 10-13 часот на факултетот за физичка култура во Скопје. На крајот од наставата има тестирање. Кој ќе го положи тестот се здобива со Сертификат за Бодибилдинг и фитнес инструктор. Сертификатот издаден од страна на националната бодибилдинг и фитнес федерација на Македонија е единствениот валиден документ издаден во оваа држава од тој вид. Сертификатот е услов за добивање на Лиценца. Сертификатот е траен документ, со кој се потврдува вашето посетување на курсот и вашата стручност. Лиценцата е документ кој е потребен за работа во клубовите во МК, членови на националната федерација и е со важност од една година. Услов за продолжување на лиценцата е учество на семинар организиран за таа намена и надграба на знаењето на кандидатите. Второто продолжување е во траење од две години, третото од три години.

Со Сертификатот издаден од ББФФМ како Инструктори работат наши лица во неколку држави во Европа (Холандија, Германија, Малта), како и во ОАЕ-Дубаи и на крузери/бродови.

Сертификатот е траен документ со кој цел живот било каде служи како потврда за вашата стручност и познавање од таа област. Од 36 Генерација покрај националниот Сертификат кандидатите добиваат и диплома за персонален тренер издазена од Академијата на IFBB од Мадрид. Сите предходни генерации можат да се здобијат со истата таа диплома, доколку присуствуваат на дополнителна настава која Академијата на ББФФМ во идина ќе ја организира за таа намена,

Лиценцата е интерена исправа со која ние како федерација го регулираме работењето на инструкторите во Македонија. Симболична е уплатата за годишно обновување на истата, а ние како федерација ќе се потрудиме еднаш во годината да има до обука во вид на семинар специјално само за носителите на сертификатот и лиценцата.

Носителите на овој Сертификати во идина ќе имаат право за учество на вториот степен од курсевите на ББФФМ Академија, каде ќе добијат Диплома за напредно ниво на тренери, директно од канцеларијата на светската бодибилдинг и фитнес федерација и академија, IFBB, Мадрид.

Наставата ја одржуваат стручни лица со соодветно образование од областите кои се опфатени со овој курс,

– Анатомија, Предавач, Проф. Д-р. Јасмина Плунцевиќ Глигороска
– Физиологија, Предавач, Проф. Д-р. Јасмина Плунцевиќ Глигороска
– Методика на тренинг, Предавач , Проф. Д-р. Јован Јовановски
– Спортска психологија, Предавач, Проф. Д-р. Ленче А. Величковска
– Антропомоторика, Проф. Д-р. Јован Јовановски
– Практична настава., Предавачи, Дипл. Тренер Милан Глигороски и Дипл. Тренер Јовче Василевски
Практичната настава се изведува во теретани овластени од страна на националната федерација.
Курсот чини 30.000 денари со можност за плаќање на две месечни рати.

Уплатите се вршат на следнава жиро сметка: ББФФМ 240080001298079 Уни банка
За курс, име и презиме на кандидатот

 
 






















 





















Програма за почетно ниво


Пријава за курс почетно ниво