На Светскиот Куп за 2025 година, кој се одржуваше во Мадрид од 11 до 14 Септември, нашите преставници, предводени од Претседателот на Федерацијата, Бобан Ѓороски, се покажаа во своето најдобро светло и успееја да се вратат дома, постигнувајки највисоки резултати. Кај јуниорите, Героги Геиргиевски во својата животна форма доминираше во категоријата и лесно извојува победа, освојувајки го златниот медал. Докажаната, бронзената од Токио, Катерија Попева на Светскиот Куп се закити со сребрен медал, освојувајки во второто место во својата категорија, Боди-Фитнес. Честитки за постигнатите резултати.






