Вест Едукација

Академијата на ББФФМ започнува со настава за напредно нив од курсот!

Можност за надградба на вашето знаење!
Можност за напредување во вашата кариера!

Академијата на ББФФМ од оваа година започнува со нова програма, настава за напредно ниво. Целта е надградба на вашето знаење и напредување во вашата тренерска кариера. Овој курс е наменет за сите оние кандидати кои веќе се стекнале со Сертификат за Инструктор, почетно ниво, издаден од страна на Академијата на ББФФМ.  На крајот од курсот кандидатите се здобиваат со меѓународна Диплома за Бодибилдинг и фитнес тренер, напредно ниво, издадена од канцеларијата на Академијата на IFBB од Мадрид и продолжување на Лиценцата за три години. 

 
Курсот изнесува 36.000 денари со можност за плаќање на три месечни рати. За целосна уплата до 30-ти Април цената е 32.000 денари.  Уплатите се вршат на жиро сметка на федерацијата. 
 
Поради ограничен број на кандидати и навремено добивање на Дипломите од Мадрид, уписот трае до 5-ти Мај. Наставата ќе се одржува во хотел КОНТИНЕНТАЛ во Скопје на 23,24, и 25 Мај. Покрај тимот на предавачи – Професори на Академијата на ББФФМ за оваа намена имаме повикано гостин предавач. Тоа е Генералниот Секретар на Тренерската Комисија на IFBB, Директор на Академијата на нордиските држави, Господинот Виле Изола од Финска. 
 
За почеток и пријава доволно е да ни одговорите на овој емаил со оставање на вашите податоци, како и бројот на вашиот Сертификат и датум на издавање. 
Програмата е во прилог на овој емаил. За бил какви информации ви стоиме на располагање.