Вест

Редовно годишно Собрание на ББФФМ

Во саботата, на 22-ри Февруари 2025 година се одржа редовното годишно Собрание на ББФФМ. Собранието се одржа во простории на факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје со почеток од 11 часот. На Собранието присуствуваа 18 делегати од 18 клуба кои членуваат во националната федерација. На Собранието се разгледуваше работата на федерацијата во изминатата година, 2024 и се донесе план и програма за работа на федерацијата во тековната година, 2025. На Собранието истотака беа изгласани и измени во Статутот на федерацијата.