Македонската јавност можеби не е запознаена дека Претседателот на РС Македонија, Г-динот Стево Пендаровски е вљубеник во челичниот спорт и дека има големо познавање од случувањата во бодибилдингот и фитнесот уште од времето на Арнолд Шварценегер па се до денес. Меѓутоа, познавањето не се врзува само со глобалните случувања, туку и од домашната сцена. Поради овој факт посетата на Претседателот на IFBB, Д-р. Рафаел Сантонха во друштво на Ген. Секретар на IFBB, Ралф Децелис и Претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски во вилата ‘Водно’ преставуваше едно големо и пријатно изненадување. Иако, беше не работен ден, Претседателот Стево Пендаровски воопшто не се двоумеше да ја искористи можноста лично да се запознае со еден од водечките луѓе во светот во бодибилдингот и фитнесот и да направи голема чест да не прими во својата работна канцеларија. На почетокот Д-р. Рафаел Сантонха помисли дека сето ова знаење е како резултат на предходна средба и подготовка на домаќините, Претседателот Стево Пендаровски и Бобан Ѓороски, но за кратко беше убеден дека Претседателот Стево Пендаровски е богат со информации од спортот кој лично го сака и почитува. Работната средба помина во една многу убава и пријатна атмосфера, каде Претседателот на IFBB, лично му врачи плакета на Претседателот на државата за неговата голема подршка која националната федерација ја има.
Час по бодибилдинг и фитнес во вила ‘Водно’
