Вест Настани

Средба на Претседателот Д-р. Рафаел Сантонха со дир. на АМС Наумче Мојсовски

Еден неработен празничен викенд со многу работни средби во Скопје. Претседателот на IFBB Д-р. Рафаел Сантонха о дШпанија во придружба на Генералниот Секретар на IFBB господинот Ралф Децелис од Португалија и домаќинот, претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски имаа работна посета на Агенцијата за млади и спорт на РС Македонија и нејзиниот Директор, Наумче Мојосвски. Работната средба помина во најдобар ред, на која претседателот на IFBB го запозна директорот на АМС со активностите на IFBB во целиот свет и со значењето на Балканскиот Шампионат кој ќе ги угости сите Балкански државо овој викенд во Скопје.