Вест Настани

Претседателот на IFBB во посета на МОК

Претседателот на IFBB, Д-р. Рафаел Сантонха денес беше примен во куќата на Македонскиот Олимписки Комитет од страна на Спортискиот Директор на МОК, господинот Владимир Богоевски. Самата работна средна по себе кажува дека македонската бодибилдинг и фитнес федерација, иако бодибилдингот и фитнесот сеуште не се дел од Олимписките спортови, е призната и подржана од страна на МОК. Претседателот Д-р. Рафаел го запозна Директорот Богоевски за сите активности на IFBB во текот на една година во светски рамки, преставувајки му ја книгата, годишниот календар на IFBB во која се наведени сите значајни настани во текот на една година. Во тој алманах се забележани и активностите на националната федерација, меѓународните натпревари кои од 2018 година традиционално и редовно се одржуваат во нашата земја, како и сите меѓународни успеси на нашите репрезентативци постигнати на значајни првенства и настани ширум светот.