За прв пат во македонската историја, два меѓунадорни натпревара во еден викенд. Скопје од 21-23 Април 2023 година ќе биде домаќин на Балканското првенство, како и на меѓународниот натпревар Херкулес Гранд При. Двата настана се во организација на ББФФМ со подршка на Балканската федерација и меѓународната федерација, IFBB. По тој повод во Скопје очекуваме да пристигнат 25 држави од Европа со свои преставници. Натпреварувачите ќе бидат сместени во хотелот ‘Континетал’ во Скопје, а настаните ќе се одржуваат во арената ‘Борис Трајковски’, во Скопје.
Балканско првенство и Херкулес Гранд При 2023
