Доминација на Мери Акиевска во категоријата Велнес-Фитнес. Во јака конкуренција од 6 девојки од регионот, нашата Велнес-Фитнес Шампионка уште еднаш докажа дека е без конкуренција на Балканот, извојувајки лесна и заслужена победа на мешународнот натпреварување, ‘Јагодина Опен’ кое се одржа во саботата во Јагодина. На натпреварот учествуваше и Милош Живковиќ, кој го освои одличното 6-то место, пласирајки се во финалето.
Главен судија, четврта година по ред на овој натпревар е Претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски.