Вест

Доминација на Мери на Европските Фитнес Игри 2021!

Мери Акиевска и нејзиниот тренер, Бобан Ѓороски се враќаат во Македонија со торба освоени медали. Мери на првите европски фитнес игри, кои викендов се одржаа во светскиот фитнес главен град, Санта Сузана, Шпанија, успеа, според официјалните резултати, на лесен начин да извојува победа не само кај јуниорките, што е нејзина категорија според возраста, туку и меѓу добро докажаните сениорки, прво и второ пласираните на Европското првенство за 2021, застанувајки на врвот на победничкиот пиедестал и како Апсолутен победник во категориите Велнес-Фитнес. Честитки за тимот и одличниот резултат кои го постигнаа!