Вест

Куп на Македонија 2021

Во организација на ББФФМ, вчера во спортската сала ‘ФОРЦА’ во Скопје се одржа традиционалниот натпревар во бодибилдинг и фитнес, Куп на Македонија 2021. Овој натпревар има и квалификациски карактер, каде се одбира репрезентација која ќе ја преставува Македонија на Балакнското првенство за 2021 година, кое ќе се одржи во градот Дробета Турну Северин во Романија на 11-12 Јуни.

Победници на овој натпревар беа: – Рилинд Коџаџику, ББК Атанасовски, Скопје, категорија бодибилдинг тинс до 19 годишна возраст – Јован Црвенковски, Магнус, Скопје, категорија бодибилдинг јуниори до 23 годишна возраст – Владе Станковски, ББК Конан, Битола, категорија бодибилдинг ветерани на 40 годишна возраст – Јован Црвенковски, Магнус, Скопје, категорија бодибилдинг сениори до 80 кг. – Владе Станковски, ББК Конан, Битолс, категорија бодибилдинг над 80 кг – Љупчо Цветаноски, Атлета 2003, Скопје, категорија физик јуниори до 23 годишна возраст – Давид Влајковски, ББК Конан, Битола, категорија физик сениори – Борче Троковски, ББК О2 Универзал, Битола, категорија класик физик сениори – Мери Акиевска, Магнус, Скопје, категорија велнес фитнес јуниори, до 23 годишна возраст – Маја Самарова, Магнус, Скопје, категорија бикини фитнес сениори – Мери Акиевска, Магнус, Скопје, категорија велнес фитнес сениори Владе Станковски е прогласен за најдобат бодибилдинг натпреварувач. Според постигнатите резултати најдобар клуб е Магнус од Скопје. Според прикажаната форма боите на Македонија на Балканското првенство ќе ги бранат: Јован Црвенковски, Давид Влајковски, Ајремин Јусуфи, Владе Станковски, Мери Акиевска, Маја Самарова, Борче Трпковски и Марија Младенова . Репрезентацијата на првенството ќе ја води Претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски, кој на натпреварот ќе биде дел од судискиот панел на првенството. Во рамки на Балкaнското првенство ќе се одржи и Конгрес на Балканската бодибилдинг и фитнес федерација, кој годинава има изборен карактер и ќе се избира ново претседателство или старото, предводено од двоецот Габриел Тончеан, Романија како Претседател и Бобан Ѓороски, Македонија како подпретседател, ќе добие доверба од делегатите на Конгресот за уште еден 4-ри годишен мандат.

'); ?>