И покрај тримесечната забрана за работа на бодибилдинг клубовите, проблемите и несигурноста во добивање на дозвола за влез во Романија и учество на Балканското првенство за 2020, националната бодибилдинг и фитнес репрезентација, во мал состав поради горе наведените причини, предводена од Претседателот на федерацијата, Бобан Ѓороски, денеска на Балканското во Дробета Турну Северин забележа одличен успех. Три златни медаљи и едно четврто место! Мери Акиевска ја потврди својата доминација на Балкансот во категоријата Велнес Фитнес со повторен триумф, но годинава со двојна победа, кај Јуниорките и во Сениорска категорија. Драган Стојчевски дојде со цел да го подобри својот минатогодишен пласман, второто место, во што и успеа, станувајки Балкански Шампион кај Ветераните во категоријата Физик. Единствено за Мартин Манасиевски несигурниот период од короната остави белег во неговата форма, со што ова е негов прв настап на Балканско без медал. Тој се пласираше на четвртата позиција во категоријата Бодибилдинг до 70 кг.