Македонската бодибилдинг и фитнес репрезентација во состав: Бобан Ѓороски како официјален делегат и меѓународен судија, Драган Стојчевски, Мери Акоевска и Мартин Манасиевски како натпреварувачи, утрово на покана на Романската и Балканската бодибилдинг и фитнес федерација заминаа за Романија каде викендов ќе се одржи Балканското Бодибилдинг и Фитнес првенство за 2020 година. Натпреварот како и годипниот Конгрес на Балканската Бодибилдинг и Фитнес федерација ќе се одржува во романскиот град Добрета Турни Северин.