На теретаните им е потребна ПОМОШ, ПОДРШКА и РАЗБИРАЊЕ. Предлог мерки за заштита од ширење на заразата, предложени од страна на ББФФМ, со цел отварање на теретаните.
1. На влезот во теретаната да има бариера за дезинфекција на обувките, во форма на натопен сунѓер или пешкир со средство за дезинфекција.
2. На влезот на теретаната да има поставено средство за дезинфекција на рацете на база на 70% алкохол.
3. Сите вработени мораат да носат заштитни маски и заштитини ракавици во текот на своето работно време поминати во теретаната.
4. Корисниците на услугите мораат да носат и користат сопствени пешкири и други средства за лична хигиена.
5. Корисниците на услугите мораат однапред да закажат термин за користење на услугата во клубот по телефон или по електронски пат.
6. Да се постават минимум 3 преносливи средства за дезинфекција на опремата и реквизитите на секои 50 метри квадратни.
7. Да се постават минимум 3 парчиња преносливи средства за дезинфекција на рацете на секои 50 метри квадратни.
8. Корисниците на услугите задолжително мораат да користат личен пешкир кој задолжително ќе се постави преку подлогите на кои се седи, лежи или вежба.
9. Задолжително почитување на препораката за одржување на растијание помеѓу корисниците на начин каде бројот на користење на услугите треба да е максимум 10 членови на 100 метри квадратни (10 м2 по вежбач), да се осигура ратојание од 2м за време на вежбањето.
10. Задолжително целосно дезинфицирање на подот и гардеробата, како и туш кабините после секој завршен термин на група на корисници.
11. Обезбедување на доволно време за вентилација/проветрување на просториите во периодот на изменување на група на корисници
12. Опремата, справите и реквизитите за вежбање мораат да се дезинфицираат после секоја нивна употреба.
13. Во случај на сомневање да некој од вработените има симптоми на заразната болест
COVID-19, (зголемена телесна температура, кашлица и отежнато дишење), одговорното лицен во клубот должно е без одложување да го отстрани запосленото лице од просториите на клубот, со препорака веднаш да се јави кај мат.лекар….