Почитувани,
Во текот на вчерашниот ден, до федерацијата пристигнаа неколку прашања, каде од нас се бараше дефинирање на термин кој некој намерно го шири како дезинформација на социјалните мрежи, ‘големи и мали теретани’, а поврзано со тешката ситуација со корона вирусот, затварањето на теретаните за работа и нивна финансиска помош од страна на државата.
Почитувани, терминот ‘големи и мали’ во нашата федерација е непознат и непостои. Постои само во фантазијата на поединци кои сакаат да ја искористат оваа тешка ситуација во која се наоѓа целото опшество, за себе промоција и создавање на хаос и незадоволство.
Националната федерација познава само спортски клубови регистрирани согласно законите во државата за вршење дејност спорт, Бодибилдинг и Фитнес и бизнис ориентирани субјекти регистрирани согласно соодветните законски прописи кои остваруваат приходи и како даночни обврзници плаќаат даноци во буџетот на државата. Владата согласно законските регулативи и можности, сигурни сме дека ќе изнајде начин да излезе во пресрет, како за целото стопанство, така и за спортската заедница, финансиски да и помогне со цел полесно да се излезе од оваа ситуација. За жал, свесно сме дека постојат и такви субјекти кои не припаѓаат во ниту една од овие две групи, погоре споменати. Останете во добро здравје и водете грижа за здравјето.