Викендот што измина на грчкиот остров Крф, се одржа 28-то Балканско Првенство во Бодибилдинг и Фитнес. Македонската репрезентација предводена од Претседателот Бобан Ѓороски го постигна својот надобар успех до сега. Од вкупно 8 натпреварувачи, 6 се закитиа со медал а двајца успеаа да влезат во финалните борби, но за жал останаа без медал. Најмладиот учесник, Ѓорѓи Божинов од Магнус тимот на свјот прв балкански настап го освои бронзениот медали во категоријата Физик Јуниори. Мартин Манасиевски исто од Магнус тимот го освои бронзениот медал од Европското првенство, видливо изморен и овде застана на третата позиција, освојувајки го бронзениот медал. Со сребрен медал се закитија највозрасните членови на репрезентацијата, Драган Стојчевски, како дебитант во категоријата Физик Ветерани и искусната Даница Анастасиевиќ Кристенсен во категоријата Боди-Фитнес Ветерани. Сепак грчките организатори мораа на двапати да ја интонираат македонската химна. За тоа се потрудија во својот деби настап на едно Балканско првенство каде ги освоија златнте медсли Ивица Јанев од Магнус тимот во категоријата Физик Класик и Мери Акиевска исто од Магнус тимот во категоријата Велнес Фитнес, кои доминираа помеѓу силната конкуренција, што дополнително не направи сите горди во моментот на прогласувањата. На ова балканско првенство Македонската репрезентација во бодибилдинг и фитнес предводена од Претседстелот Бобан Ѓороски ја претставија :
1. Мери Акиевска од Магнус тимот – освои злато.
2.Мартин Манасиевски од Магнис тимот – освои бронза.
3. Ивица Јанев од Магнус тимот – освои злато.
4. Ѓорги Божинов од Магнус тимот – освои бронза
5. Кристијам Манасиевски од Магнус тимот неуспеа да обезбеди медал.
6. Драган Стојчевски , Џим Тајм- освои сребро.
7. Даница Анастасиевиќ Кристенсен Проект Фит- освои сребро.
8. Ибрахим Врановци, 5- то место, Атлета 2003 Скопје