Вест

Ген.секретар на МОК, награден од страна на Претседателот на ББФФМ

Во четвртотко на 14-ти Март, во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет се орджа работна средба на Претседателот на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата, Бобан Ѓороски и Генералниот Секретар на МКО, Д-р. Сашо Поповски. На средбата од страна на Претседателот на ББФФМ, Ген.Секретар на МОК беше одликуван со бронзен медал на IFBB за подршката која ББФФМ ја добива од страна на МОК во промоцијата на Бодибилдингот и Фитнесот во Македонија како спортски дисциплини и здрав начин на живеење. Исто така беше договорно да следниот Дијамантски Куп кој ќе се одржи во Скопје во месец Октомври, МОК во живо го пренесува на ниниот интернет канал. На овој начин ќе се направи дополнителна промоција на овој настан кој минатата година за првпат успешно се организираше и поради тоа подршката на IFBB е овој настан да стане во иднина традиционален. Благодарност до подршката која ББФФМ ја добива од МОК.