Вест

Честитки од IFBB за реизборот на Бобан Ѓороски за претседател на ББФФМ

Искрени честитки и подршка од страна на Претседателот на IFBB, Д-р. Рафаел Сантонха, за реизборот на Г-динот Бобан Ѓороски за Претседател на ББФФМ. Во својот допис, пратен на адреса на старо новиот претседател на ББФФМ, Г-динот Сантонха упати и поздрав до УО на ББФФМ и искажа дека е сигурен во иднината и просперитетот на бодибилдингот и фитнесот во Македонија, благодарение на овој избор, поради големото искуството, вештините, лидерството и љубовта кон бодибилдингот и фитнесот кои го красат Бобан Ѓороски. Оваа искрена подршка е од големо значење и важност за позицијата која ББФФМ ја има и ќе продолжи да ја има во иднина на меѓународен план.