Историја

Бодибилдингот во Македонија

Бодибилдингот и фитнесот, организациски во Македонија функционираат од 1987 година, кога група на љубители на овие прекрасни спортови се здружија и го формираа сојузот за атлетска гимнастика (бодибилдинг) на Македонија. Во рамките на сојузот, кој во тоа време ги живееше своите најдобри времиња и години, членуваа сите тогаш постоечки бодибилдинг клубови од Македонија. Клубовите, членови на сојузот, беа со голема активност, па и првенствата кои се одржуваа во тој период на ниво на републиката, но и локалните, без со учество на голем број на натпреварувачи. Првото официјално првенство, организирано од страна на Сојузот за атлетска гимнастика на Македонија, е Куп-от на Македонија 1986 година одржан во спортската сала Расадник во Скопје. Првото државно првенство се одржа есента истата година, каде само во јуниорска категорија се пријавија и учествуваа повеќе од 40 натпреварувачи, а се одржа во спортската сала Јане Сандански во Скопје.По распаѓањето на бившата ЈУ држава, дојде и до намалување на интензитетот на работењето на Сојузот, кој до тогаш ги обединуваше сите постоечки клубови во Македонија.

agencija za sport

На почетокот, поради немање соодветна законска регулатива, клубовите започнаа полека да се одалечуваат од својатаматица, Сојузот. Интересно е да се напомене дека, во тој период дојде и до експанзија на отварање на се поголем број на фитнес центри, но наместо да дојде до зајакнување на постоечкиот сојуз, се дојде до намалување на неговата работа и негово функционирање. Од таа причина, сведоци бевме и на подолг период апстиненција на неодржување на било каков натпревар во Македонија во овие спортови (2000-2002). Но, вљубеници во овие спортови одсекогаш постоеле, па така и во тој период на сцена повторно се појавија оние кои на самиот почеток, не така далечната 1986 година беа активни (некои како натпреварувачи, некои како официјални лица). По не наоѓање на заеднички јазик со до тогаш постоечкото претседателство на чело со претседателот на САГМ за реорганизирање на постоечката организација, се покрена иницијатива на чело со Бобан Ѓороски за формирање на нова организација која ќе води грижа и ќе ги здружи овие два прекрасни спорта во Македонија. Како резултат на оваа иницијатива, во 2007 година во Македонија е формира Бодибилдинг и Фитнес Федерација на Македонија, која за само две години од своето постоење успеа да организира и две меѓународни првенства ( Балканско 2007 и Европско за жени 2008).

atleta 2012 baner atleta izvestaj link atleta mal