Напредно ниво

Академијата на националната бодибилдинг и фитнес федерација, како акредитирана и дел од Академијата на IFBB (IFBB Academy) ви овозможува надградба на своето знаење и унапредување во вашата кариера како инструктор и тренер. За таа цел, како втор степен во едукацијата на Академијата постои напредното ниво. Целта е дополнителна едукација со која кандидатите ќе се оспособат и остручат, овозможувајки им да пишуваат, планираат и испорачуваат безбедни и ефективни програми за вежбање за нивните клиенти, преку меѓународно призната наставна програма. Кандидатие ќе ги надградат своите теоретски знаења, стручност и вештини кои ќе резултираат со успех во нивната кариера. Кандидатите кои ќе го положат овој сптепен ќе бидат оспособени за создавање на програми и работа со уникална клиентела, преку понапредна медицинска позадина. Наставата е со физичко присуство, а се одржува во простории на факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје. Наставата ја одржуваат стручни лица со соодветно образование од областите кои се опфатени со овој курс, кои се веќе долги години докажани во својата област.

Во ова ниво ќе изучувате за:

  1. Основни концепти на мускулно-скелетниот систем
  2. Општа физиологија
  3. Физиологија на вежбање
  4. Мускулно-скелетни повреди
  5. Основни концепти на антропометриката
  6. Кинезиолошки основи на тренингот со тегови
  7. Биомеханички основи на тренингот со тегови
  8. Применета кинезиологија и биомеханика за вежбање со тегови
  9. Основна исхрана
  10. Тренинг циклуси
  11. Обука за безбедност
  12. Организација и администрација на салата

Материјалите се стручни и обемни, што се повеќе од 600 страници. Кандидатите кои ќе ја поминат обуката и положат на тестот ќе добијат диплома од канцеларијата на Академијата на IFBB од Мадрид. Целиот процес трае околу два месеца. Курсот за напредно ниво чини 36.000 денари со можност за плаќање на три месечни рати.  Уплатите се вршат на следнава жиро сметка:

Примач: ББФФМ Жиро сметка: 240080001298079, депонент банка: Уни банка
Цел на дознака: За курс, име и презиме на кандидатот

Целата програма можете да ја видите на линкот подолу.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Програма за напредно ниво